Шојгу објави колку украински војници загинале во ноември
Русија тврди дека Украина само во ноември изгубила над 8.000 војници.
„Во ноември, украинските сили загубија 8.300 војници, пет авиони, 10 хеликоптери, 149 тенкови, повеќе од 300 оклопни транспортери“, рече Сергеј Шојгу.
Во последниот период руската армија ги ослободи Мајорск, Павловка, Опитно, Андреевка, Белегоровка и други места.
Сепак шефицата на Еврпската Комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен рече дека во Украина загинале околу 100.000 војници, но потоа информацијата беше избришана. Но, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак рече дека досега изгубиле од 10.000 до 13.000 војници. Но, Украина тврди дека од почетокот на војната загинале над 80.000 руски војници. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.