ЦУК информира за пронајдено тело во водите на Вардар: Најверојатно станува збор за лицето што вчера се фрли во реката
Согласно процедурите за вакви случаи, од ЦУК додаваат дека дополнително ќе следува идентификација на лицето и потврда на конкретниот случај
Во водите на Вардар попладнево е пронајдено тело, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од каде додаваат дека најверојатно станува збор за лицето што вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” во скопски Аеродром.
„Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно е она коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот ‘Близнак’ на булевар ‘Србија’ во реката Вардар. Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од мостот“,
соопштија од ЦУК, пренесе МИА.
Согласно процедурите за вакви случаи, од ЦУК додаваат дека дополнително ќе следува идентификација на лицето и потврда на конкретниот случај.
„За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации“,
додаваат од Центарот за управување со кризи, јави МИА.
Денеска втор ден по ред се трагаше по лицето што вчера се фрли во водите на Вардар.
Во потрагата беа ангажирани екипи на ЦУК, МВР, ДЗС, општините Гази Баба и Аеродром и Градот Скопје, како и Црвениот крст. Потрагата по лицето се вршеше низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито од страна на специјализираните единици на МВР.
The post ЦУК информира за пронајдено тело во водите на Вардар: Најверојатно станува збор за лицето што вчера се фрли во реката appeared first on 360 степени.