Франција предвидува враќање на нуклеарната енергија, вклучително и во Германија
Сите големи индустријализирани нации во светот и Европа, вклучително и оние што направија поинаков избор, еден ден, порано или подоцна, ќе се вратат на нуклеарната енергија, вели францускиот министер за економија
Бруно Ле Мер, францускиот министер за економија, предвидува враќање на нуклеарната енергија во сите големи индустриски земји, вклучително и во Германија.
Министерот за време на посетата на нуклеарната централа „Пенли“ во близина на Диеп на северниот брег на Франција рече дека нема голема индустријализирана нација без нуклеарна енергија.
„Сите големи индустријализирани нации во светот и Европа, вклучително и оние што направија поинаков избор, еден ден, порано или подоцна, ќе се вратат на нуклеарната енергија. Затоа што ако земјите се соочат со избор да ја напуштат својата индустрија или да ја оживеат нуклеарната енергија, тие би се вратиле на нуклеарната енергија“,
рече Ле Мер, пренесува агенцијата ДПА
Тој вели дека тоа тоа нема да се случи веднаш, можеби за неколку години, но додава дека е убеден дека големите индустријализирани нации, без разлика кои, ќе се вратат на нуклеарната енергија бидејќи тоа е услов за одржување на индустријата.
Францускиот министер за економија претходно се бранеше од критиките, особено од Германија, за посветеноста на Франција кон нуклеарната енергија.
„Не треба да се срамиме што сме голема нуклеарна нација“,
им нагласи Ле Мер на работниците на централата и додаде дека во корист на нуклеарната енергија се и еколошките причини.
Во февруари францускиот претседател Емануел Макрон најави „ренесанса на француската нуклеарна енергија“.
The post Франција предвидува враќање на нуклеарната енергија, вклучително и во Германија appeared first on 360 степени.