(ФОТО) Арсовска ги тргнала портретите од поранешните градоначалници и ги обесила во ходник до вециња од каде што таа не поминува
Дека портретите на поранешните градоначалници повеќе не стојат во салата за состаноци, потврдуваат и фотографиите од Фејсбук профилот на Град Скопје
Градоначалничката Данела Арсовска ги тргнала портретите на досегашните градоначалници на Скопје кои над 20 години стоеја во салата за состаноци до нејзиниот кабинет, објави порталот СДК.мк.
Според порталот, неколку месеци по доаѓањето на функцијата, Арсовска наредила портретите да се тргнат од салата и да се закачат во ходникот каде што се вецињата и бифето. Така, сега портретите на Петре Шилегов, Коце Трајановски, Трифун Костовски, Ристо Пенов, Јове Кекеновски, Горан Николовски и Милан Талевски висат над вецињата, во ходник каде што не поминува Арсовска.
Уште од времето на Ристо Пенов, а можеби и пред тоа, портретите од сите досегашни градоначалници стоеја во салата за состаноци, која се наоѓа и е дирекно поврзана со канцеларијата на Градоначалникот на Град Скопје. Во оваа сала, градоначалниците одржуваат работни состаноци, примаат поголеми делегации и гости.
Дека портретите на поранешните градоначалници повеќе не стојат во салата за состаноци, потврдуваат и фотографиите од Фејсбук профилот на Град Скопје.
На фотографија од декември минатата година може да се забележи дека портретите стојат на своето место.
На фотографија, пак, од март 2022 година, овие портрети не се во салата.
The post (ФОТО) Арсовска ги тргнала портретите од поранешните градоначалници и ги обесила во ходник до вециња од каде што таа не поминува appeared first on 360 степени.