(ФОТОГАЛЕРИЈА) Новинари, сниматели и фоторепортери на изборно собрание на ЗНМ
Стотици новинари, сниматели и фоторепортери, кои се редовни членови на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска избираат претседател и нови членови на управните тела.
Во моментов тече регистрација на гласачите, а право на глас имаат сите редовни членови на Здружението.
Изборното собрание на ЗНМ се одржува во хотелот „Александар палас“ во Скопје, во Конгресна сала 1. Во салата, покрај гласачките кутии и параваните, поставена е и кутија за донации за новинарот Саше Димовски, на кого пред извесен период му беше ампутирана ногата.
Во трката за претседател на ЗНМ се новинарите Младен Чадиковски, Фиљана Кока и Марјан Николовски.
Во Управниот одбор за 10 места, пријавени се 24 кандидати, за 5 места во Надзорниот одбор има 9 кандидати, додека за предвидените 5 позиции во Советот на честа се пријавиле 11 члена.
ЗНМ е здружение на околу 1 000 професионални новинари, сниматели и фоторепортери.
Основано е 1946 година.
Извор: (ФОТОГАЛЕРИЈА) Новинари, сниматели и фоторепортери на изборно собрание на ЗНМ – 360 степени.