Уште еден новинар ненадејно почина во Катар
Калид ал Мислам, катарски фоторепортер кој работеше за ТВ Ал Кас, починал вчера. Засега се нејасни околностите за неговата смрт
Втор новинар ненадејно почина на Светското првенство во Катар, 48 часа откако американскиот репортер кој се најде на насловните страници затоа што носеше ЛГБТ маица, наводно починал од срцев удар.
Калид ал Мислам, катарски фоторепортер кој работеше за ТВ Ал Кас, починал вчера. Засега се нејасни околностите за неговата смрт. Катарскиот весник „Гулф Тајмс“ објави на Инстаграм:
„Ал-Мислам, Катарец, ненадејно почина додека известуваше за Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар. Ние веруваме во милоста и прошката на Алах за него и му изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство. “
Веста ја потврди телевизијата Ал Кас, која во директен пренос само накратко ја спомена неговата смрт, без да даде повеќе детали.
Оваа вест доаѓа откако во петокот беше објавено дека починал еден од најпознатите американски фудбалски новинари Грант Вал додека известуваше од Светското првенство во Катар. тој имаше 48 години. Вал почина додека известуваше за четвртфиналниот натпревар, се вели во соопштението на Американската фудбалска асоцијација, а медиумите прецизираа дека тој починал на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија. Причината за смртта е непозната.
The post Уште еден новинар ненадејно почина во Катар appeared first on 360 степени.