ТЕЦ ОСЛОМЕЈ ВКЛУЧЕН НА МРЕЖА, термоелектрана стара 42 години не спасува во зимните месеци
ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа
вчера во 17:52 часот и произведува електрична енергија во
електро-енергетскиот систем.
Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на
конзумот.
– Во ТЕЦ Осломеј во претходниот
период се вршеа неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и
каналите за јагленова прашина кои се најизложени на
влијанието на користењето јаглен
од различни наоѓалишта, (делумно од сопствен ископ, делумно набавен јаглен) – се наведува во соопштението од ЕСМ.
Од таму додаваат дека застојот се искористи за
санирање и на други помали дефекти воочени на
останатите уреди и
постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше.
Целта на зафатите беше да имаме сигурна
работа на
капацитетот во грејната сезона, бидејки станува
збор за термоелектрана изградена пред 42год.