ТЕЦ „Осломеј“ вклучен во производство на струја
Од АД ЕСМ информираат дека во изминатиот период во ТЕЦ „Осломеј“ се вршеле неопходните ремонтни активности, како и други помали зафати, се со цел, како што велат, во текот на грејната сезона да имаме сигурна работа на термоелектраната
Од вчера попладне ТЕЦ „Осломеј“ е вклучен на мрежа и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем, информираат денеска од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
Оттаму додаваат дека во изминатиот период во термоелектраната се вршеле неопходните ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои, како што додаваат од ЕСМ, се најизложени на влијанието на користењето јаглен од различни наоѓалишта.
„Целта на зафатите беше да имаме сигурна работа на капацитетот во грејната сезона, бидејки станува збор за термоелектрана изградена пред 42 години“,
соопштија од АД Електрани на Северна Македонија.
Застојот во производството на ТЕЦ Осломеј се искористил и за санирање на други помали дефекти воочени на останатите уреди и постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше.
The post ТЕЦ „Осломеј“ вклучен во производство на струја appeared first on 360 степени.