СП2022: Бразил лесно ја мина осминафиналната пречка
Противник на Бразил во четвртфиналето ќе биде Хрватска која на пенали ја совлада Јапонија
Фудбалерите на Бразил ја оправдаа фаворитската улога во осминафиналната пресметка против Јужна Кореја и со убедлив триумф од 4-1 (4-0) изборија вечерва место во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Бразил беше надмоќен на теренот на стадионот „974“ во Доха и сите дилеми околу победата ги реши веќе по половина час кога имаше водство од 3-0 со головите на Винисиус (7 минута), Нејмар (13, пенал) и Ришарлисон (29).
До крајот на полувремето Пакета зголеми на 4-0 (36).
Почесниот гол за Јужна Кореја беше дело на Сеунг-Хо Паик во 76 минута.
Противник на Бразил во четвртфиналето ќе биде Хрватска која на пенали ја совлада Јапонија 3-1 (1-1, 0-1).
The post СП2022: Бразил лесно ја мина осминафиналната пречка appeared first on 360 степени.