СП 2022: Франција ја порази Полска и се пласираше во четвртфиналето
Со победата над Полска во осминафиналето, Франција оди во четвртфиналето од Мундијалот каде ќе ги одмери силите со Англија или Сенегал
Фудбалската репрезентација на Франција ја победи Полска со резултат од 3-1 во осминафиналето на Светското првенство во фудбал 2022 година во Катар, обезбедувајќи место во четвртфиналето на турнирот.
Францускиот напаѓач Оливие Жиру успеа да ја искористи асистенција на соиграчот на ПСЖ, Килијан Мбапе во 44. минута, доведувајќи ја Франција во водство од 1-0.
Следниот гол во корист на француската репрезентација го постигна Килијан Мбапе во 74. минута од мечот, а во 91. минута Мбапе постигна уште еден гол и донесе водство за Франција од 3-0.
Во последните моменти од мечот Полска доби пенал, а Роберт Левандовски од втор обид погоди и го постави конечниот резултат од 3-1.
Со победата над Полска во осминафиналето, Франција оди во четвртфиналето од Мундијалот каде ќе ги одмери силите со Англија или Сенегал.
The post СП 2022: Франција ја порази Полска и се пласираше во четвртфиналето appeared first on 360 степени.