СП 2022: Англија оди во четвртфиналето по убедливата победа над Сенегал
Со убедливата победа над Сенегал со резултат од 3-0, репрезентацијата на Англија се пласира во четвртфиналето каде ќе игра против француската репрезентација
Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, откако во денешниот натпревар од последното осминафинале го совлада Сенегал со резултат од 3-0.
Головите за Англија во дуелот со африканскиот шампион ги постигнаа Џордан Хендерсон во 38. минута, Хари Кејн во 45. минута и Букајо Сака во 57. минута од натпреварот.
Со убедливата победа над Сенегал, репрезентацијата на Англија се пласира во четвртфиналето каде ќе игра против Франција која во првиот натпревар од денот ја совлада Полска со резултат од 3-1.
За следната сабота, 10 декември е закажан четвртфиналниот натпревар меѓу Англија и Франција, а ден претходно во првиот четвртфинален натпревар од првенството се среќаваат Холандија и Аргентина.
The post СП 2022: Англија оди во четвртфиналето по убедливата победа над Сенегал appeared first on 360 степени.