Советот на ЕУ ги повика власта и опозицијата заеднички да работат на евроинтеграцијата
Во заклучоците, усвоени денеска, Советот го поздравува постигнатиот „одреден напредок“ во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и организираниот криминал, но, како што се нотира, потребни се повеќе напори. Во овој контекст, се нагласува важноста двата столба на правосудниот систем – судството и обвинителството да постапуваат по препораките на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која, како што се наведува во заклучоците, продолжува активно со својата работа и отвори неколку случаи, вклучително и против високи функционери
Добрососедските односи и регионалната соработка, се нагласува во заклучоците остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување „опипливи резултат“ и спроведување со добра волја на билатералните договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија
Советот на Европската Унија во заклучоците за процесот на проширување, стабилизација и асоцијација на земјите од Западен Балкан, усвоени денеска, во делот за С Македонија ги повика власта и опозицијата на заеднички ангажман во спроведувањето на реформите поврзани со преговорите за членство во ЕУ.
„Советот ги охрабрува сите партии во парламентот (Собранието) да продолжат со заедничка работа, конструктивно и да градат меѓупартиски консензус фокусирајќи се на преземање конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на актуелниот реформски моментум“,
се вели во заклучоците на Советот на ЕУ за Северна Македонија.
Во нив Советот го поздравува постигнатиот „одреден напредок“ во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и организираниот криминал, но, како што се нотира, потребни се повеќе напори.
Како „одреден“ Советот го оценува и поздравува напредокот во областа на судството изразен преку „стабилна имплементација на стратегијата за реформи во правосудството“.
Но, потребни се, се додава, постојани напори за да се обезбеди независност, професионализам и непристрасност на правосудниот систем.
„Советот ги нотира континуираните напори за борба против корупцијата и организиран криминал, вклучително и за случаи на високо ниво. Советот ја нагласува потребата да се обезбеди систематско спроведување на ажурираниот акционен план за стратегијата за реформи во правосудството и да се засили имплементацијата на стратегиите за човечки ресурси во судството и во обвинителството“,
се наведува во заклучоците.
Во овој контекст, Советот ја нагласува важноста овие два столба на правосудниот систем – судството и обвинителството да постапуваат по препораките на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која, како што се наведува во заклучоците, активно продолжува со својата работа и отвори неколку случаи, меѓу кои и против високи функционери.
Советот забележува дека е постигнат ограничен напредок во однос на реформите во јавната администрација и дека потребата од почитување на принципите на транспарентност, заслуга (мериторност) и правична застапеноста останува суштинска.
Во заклучоците е нотирана „сеопфатната реформа“ на безбедносно разузнаваччкиот сектор, но Советот повторно нагласува дека парламентарниот капацитет за надзор над разузнавачките служби треба да биде зајакнат.
Советот на ЕУ го поздравува потпишувањето на Договорот со Фронтекс, но ја нагласува потребата земјава да ја усогласи визната политика со онаа на Европската Унија.
Добрососедските односи и регионалната соработка, се нагласува во заклучоците остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот на стабилизација и асоцијација.
„Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување со добра волја на билатералните договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија“,
стои во заклучоците на Советот на ЕУ.
На крајот во заклучоците, земјава е пофалена за нејзината доследност во надворешната политика особено нејзината целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (овде пред сè се мисли на усогласеноста со надворешната политика на ЕУ во однос на војната во Украина)
The post Советот на ЕУ ги повика власта и опозицијата заеднички да работат на евроинтеграцијата appeared first on 360 степени.