Скандалозно: Регулаторот во Албанија одобрил минимални цени на нафтата повисоки од слободниот пазар
Албанскиот топ Чанел денеска известува дека регулаторното тело кое ги контролира цените на нафтата и нафтените деривати во Албанија, одобрило минимални цени за дизелот во малопродажба кои инаку би биле помали доколку се формираат слободно на пазарот.
Со две одлуки една по друга, Одборот за нафта ја зголеми цената на нафтата вкупно за три леки, додека соседните земји како Северна Македонија ја намалија.
Пред неколку дена Управниот одбор многу доцна заседаваше за намалување на цената на нафтата, со што таа се искачи на 206 Лека (1,77 евра).
Растот на цената беше многу брз, додека во Северна Македонија намалувањето на цените продолжи.
На крајот од сите овие дејствија, Управниот одбор направи само зголемување на цената на нафтата за три леки по литар и многу повисока од цената на нафтата ако беше на слободен пазар“, објави Топ Чанел.
Според телевизијата, кога цената се намалува на берзата, поевтинувањето тогаш доаѓа со доцнење и обично цената е фиксирана како многу повисока отколку што треба.
Глобалната побарувачка за нафта опадна, притискајќи ги цените надолу, бидејќи главниот увозник Кина се бори со тешка битка со ковидот кој ја забави азиската економија.