Руските окупатори ги повикаа жителите на Херсон да ги заменат своите заштеди со руски рубли
Одлуката за промена на валутата претходно беше објавена во октомври и е дел од мерките за спојување на регионот со Русија
Руските окупатори на украинската област Херсон го повикаа населението да ги замени своите заштеди со руски рубли, јави ДПА.
Од 1 јануари завршуваат плаќањата во украинската национална валута, гривна, соопшти денеска шефот на окупаторските сили, Владимир Салдо, преку видеопорака на Телеграм.
Како причина, пренесува ДПА, Солдо го наведува огромниот пад на вредноста на гривната поради економските проблеми на Украина додавајќи дека украинската валута „се претвора во обична хартија“.
Регонот Херсон, и истоимениот главен град, како и неколку други градови во него, се повторно под контрола на Украина. Меѓутоа, поголемиот дел од регионот и натаму е окупиран од руски војници.
Одлуката за промена на валутата претходно беше објавена во октомври и е дел од мерките за спојување на регионот со Русија.
Од почетокот на војната украинската национална валута – гривната изгуби околу 50 отсто од својата вредност во однос на доларот.
Во другите анектирани региони, Луганск и Донецк, рубљата веќе некое време е воведена како официјална валута, пренесе ДПА.
The post Руските окупатори ги повикаа жителите на Херсон да ги заменат своите заштеди со руски рубли appeared first on 360 степени.