Русија по ограничувањето на цената: Имаме купувачи, нема на вас да ви продаваме
Москва излезе со реакција по одлуката на ЕУ, Г7 и Австралија да ја ограничи продажбата на руската нафта на 60 долари од барел.
Русија вели дека ќе продолжи да наоѓа купувачи за нафта, и покрај ограничувањето кое треба да стапи во сила од понеделник.
Кремљ како одговор возврати дека нема да продаваат нафта на земјите што се согласиле на ограничувањето.
Руската амбасада во САД утринава соопшти дека политиката „го преобликува слободниот пазар и инсистира нафтата да продолжи да се продава“.
„Таквите чекори неизбежно ќе резултираат со зголемена неизвесност и наметнување повисоки трошоци за потрошувачите на суровини. Без оглед на сегашното флертување со опасен и нелегитимен инструмент, ние сме уверени дека руската нафта ќе продолжи да биде барана“, велат од руската амбасада во соопштението.