Русите ги тераат жителите на Херсон своите заштеди да ги претворат во рубљи
Руските окупатори на украинската област Херсон го повикаа населението да ги замени своите заштеди за руски рубљи, пишува ДПА. Од 1 јануари завршуваат плаќањата во украинската национална валута, гривна, објави денеска преку видео порака на каналот Телеграм шефот на окупаторските сили, Владимир Салдо.
Одлуката за промена на валутата, претходно беше објавена во октомври, и е дел од мерките за припојувањето на регионот на руска територија.
Како што пишува ДПА, Солдо го наведува огромниот пад на вредноста на гривната поради економските проблеми на Украина, додавајќи дека украинската валута „се претвора во обична хартија”.
Регонот Херсон, и истоимениот главен град, како и неколку други градови во него, повторно под се контрола на Украина. Но, поголемиот дел од регионот и натаму е окупиран од руски војници.
Од почетокот на војната гривната изгуби околу 50 отсто од својата вредност во однос на доларот.
Во Луганск и Доњецк, рубљата веќе некое време е воведена како оицијална валута, пренесе ДПА.
И претходно гривната ја губеше вредноста и тоа не е ново за Украинците.
Украинската централна банка, повикувајќи се на длабоките економски последици од војната со Русија, летово ја девалвираше гривната за 25 отсто, пишува Ројтерс. Во соопштението од 21 јули, банката наведува дека новиот официјален курс е 36,5686 за американски долар.