Романски политичар го нападна австрискиот канцелар за блокадата за Шенген: Ти си канцелар и лажеш, ние работиме добро на границата, но Хрватска не
Блага порача дека е време Романија да престане да клечи кога е во прашање влезот во Шенген зоната и дека без разлика на вчерашната одлука, Романија ќе влезе во Шенген во 2023 година
Членот на Европскиот парламент од Романија и поранешен министер за внатрешни работи, Василе Блага, му испрати порака на австрискиот канцелар Карл Нехамер затоа што Романија не влезе во Шенген зоната. ЕУ вчера го одобри влезот на Хрватска во Шенген и го стопираше влезот на Романија и Бугарија.
Поради ова, романскиот политичар бурно реагираше на Австрија која гласаше против. Во програмата „Национална публика“, Блага го обвини австрискиот канцелар дека цело време ги лажел Романците и дека не влегувањето во Шенген зоната ќе создаде фрустрација во Романија и Бугарија.
Блага сугерираше дека австрискиот министер за внатрешни работи и канцеларот играат руски игри, пренесува Диги24. „Ако некој победи од оваа нивна позиција, тоа е победа на Путин“, коментира тој.
„Ти си канцелар и лажеш. Фронтекс вели дека Романија брилијантно си ја врши работата на границата. Австрија и Унгарија не го прават тоа, Хрватска не го прави тоа. Само политички ситни луѓе прибегнуваат кон такви лаги. Ова ќе создаде фрустрација во Романија и Бугарија и ако некој победи од оваа позиција, тоа ќе биде Путин бидејќи ќе создаде фрустрација и во Романија и во Бугарија“,
рече Блага во емисијата „Национална публика“.
Блага порача дека е време Романија да престане да клечи кога е во прашање влезот во Шенген зоната и дека без разлика на вчерашната одлука, Романија ќе влезе во Шенген во 2023 година.
Блага рече дека вистинските причини зошто Романија не доби зелено светло за влез во Шенген може да бидат внатрешната политика, економските притисоци и руското влијание. За време на интервјуто тој уште еднаш ја нападна Австрија и политичарите во земјата.
„Речиси сите австриски политичари, со ретки исклучоци, во последните 30 години, по завршувањето на мандатот како канцелар или министер, стануваат вработени во разни руски компании. Тоа не е случајно“,
коментира романскиот политичар.
The post Романски политичар го нападна австрискиот канцелар за блокадата за Шенген: Ти си канцелар и лажеш, ние работиме добро на границата, но Хрватска не appeared first on 360 степени.