Ракиќ вели дека за вечерва Курти спрема прогон на српскиот народ
Можно е вечерва да има нови немири на Косово. Лидерот на Српската листа, Горан Ракиќ, најави дека „врз основа на информациите што ги имаат, косовскиот премиер Албин Курти вечерва ќе ја испрати вооружената специјална единица РОСА и други единици на северот на Косово за да го прогонуваат српскиот народ.
Тој повика КФОР и ЕУЛЕКС да спречат хаос. Во Приштина ќе има совет за безбедност. Неколку дена по ред има инциденти во кои на мета се припадници на српската заедница. На едно семејство, косовските власти одземаа вино, а друг Србин е уапсен.
Граѓаните на северот на Косово, по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, поставија барикади. ЕУ бара Србите да ги тргнат барикадите.
Косовската полиција објави демант за настанот кај Газивода.