Претседателот на „Иван Михајлов“ од Битола обвинет за расизам
Против претседателот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е поднесено обвинение за ширење расизам и ксенофобични дејствија.
Станува збор за извесниот Љупчо Ѓоргиевски, а веста ја пренесува бугарскиот медиум БГНЕС.
Информациите велат дека Георгиевски треба „на 16 овој месец да се појави како обвинет во овој случај“ во обвинителството во Битола.
Во спротивно, тој ќе биде присилно донесен, пишува во поканата на обвинителството, која била испратена на почетокот на декември.