Претрес во домот на 73-годишен кавадарчанец: Пронајдени три пиштоли, полицијата го уапси
Кавадарчанецот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Полицијата од Кавадарци вчера уапсила 73-годишен кавадарчанец со иницијали О.Т. откако по претрес со судска наредба во неговиот дом биле пронајдени три пиштоли и муниција.
„При претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени пиштол ‘Црвена застава’ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол ‘Gesichept’ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар“,
се наведува во соопштението од МВР.
Кавадарчанецот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Претрес во домот на 73-годишен кавадарчанец: Пронајдени три пиштоли, полицијата го уапси – 360 степени.