ПРАТЕНИКОТ ОД СДСМ БЕСЕН НА КУМАНОВСКИТЕ МАРКЕТИ – и покрај владините мерки големите газди не ги намалиле цените, бара инспекции
Пратеникот од СДСМ од Куманово, Мартин Костовски, има информација кои големи газди од неговиот град не ги намалуваат цените на основните артикли, и покрај намалената струја и сите други мерки од Владата, и повика уште денеска итно да им се направи инспекција.
„Денеска пазарев основни намирници во еден маркет во Куманово и со сограѓаните пред рафтовите констатиравме дека има сериозна злоупотреба од “големите газди” и непочитување за намалување на цените.
Премиерот и Владата направија се, за да се намалат цените и да им се олесни на граѓаните со конкретни мерки.
За “големите газди” – дрски профитери кои прават профит на нашиот грб, ИТНО уште утре да им се направи инспекција, нема веќе ТОЛЕРАНЦИЈА и МОЛК.
Не е нормално некој едвај да се прехрани, некој на мака на народот да прави милиони.
Или да ги почитуваат мерките и помош од Владата или да ги означиме јавно и да ги бојкотираме (да не пазариме кај нив) ТРЕТО НЕМА“, напиша пратеникот на неговиот фејсбук профил.