Поради обилниот снег во Обединетото Кралство: „Визер“ ги откажа летовите од и до Лондон
Поради обилни снежни врнежи, мраз и магла, сите летови на аеродромот „Станстед“ во Лондон се прекинати. Аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ исто така откажаа или одложија летови. Над 50 лета беа откажани вчера на „Хитроу“ поради магла и мраз
Силен снег и неповолни временски услови (замрзната магла) го погодија Обединетото Кралство вчера, што доведе до големи нарушувања во копнениот јавен превоз, како и летовите до и надвор од Обединетото Кралство.
Поради обилни снежни врнежи, мраз и магла, сите летови на аеродромот „Станстед“ во Лондон се прекинати. Аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ исто така откажаа или одложија летови. Над 50 лета беа откажани вчера на „Хитроу“ поради магла и мраз. Возовите исто така доцнат, а на возачите им е кажано да бидат внимателни по неколкуте несреќи на автопатиштата.
Поради ваквите неочекувани околности, македонскиот авиопревозник „Визер“ мораше да откаже или во голема мера да одложи некои од своите летови до и од аеродромите во Лондон – „Лутон“ и „Гетвик“, информираат од компанијата.
„Тимовите на ‘Визер’ работат напорно за да го вратат нормалното функционирање во оваа фаза, но има голем број фактори што се надвор од контрола на авиокомпанијата. ‘Визер’ ги информира своите патници кои резервирале директно преку wizzair.com или нејзината мобилна апликација за моменталната ситуација и нивните опции за повторно резервирање летови, додека патниците кои резервирале лет преку посредник треба да се обратат до посредничките компании за дополнителни информации“,
соопштија од „Визер“.
Авиокомпанијата работи напорно со своите локални партнери за да обезбеди хотелско сместување за заглавените патници, но од „Визер“ велат дека поради десетици илјади заглавени патници на неколку аеродроми во Обединетото Кралство наоѓањето соодветно сместување може да потрае подолго од очекуваното, додаваат оттаму.
The post Поради обилниот снег во Обединетото Кралство: „Визер“ ги откажа летовите од и до Лондон appeared first on 360 степени.