Полицијата ги затвори улиците околу Амбасадата на САД во Скопје
Денеска од 08:00 до 12:00 часот, канцеларијата за безбедност на Амбасадата на САД и Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија ќе одржат заедничка обука за безбедност во и околу дипломатската резиденција во Скопје.
Вежбата привремено ќе ги затвори улиците околу Амбасадата. Повторно ќе бидат отворени за сообраќај по завршувањето на обуката, како што информираат службите.
„Оваа вежба е дел од нашите редовни обуки за безбедност и сигурност со македонското Министерство за внатрешни работи и има за цел да ја зајакне нашата безбедносна подготвеност и да го надгради нашето силно партнерство“, се огласи амбасадата на САД.