Пет детонации одекнаа во Косовска Митровица
Како што објави српски Блиц, во северниот дел на Косовска Митровица пред кусо време одекнале пет детонации.
Детонации се слушнале од правец на улицата Колашинска каде што порано била канцеларијата на изборната комисија. Засега сè уште нема прецизни информации за што се работи и дали се повторува сценариото од Зубин Поток каде пред околу еден час имаше две детонации, информира Blic.
Во Зубин Поток членови на општинската изборна комисија заедно со косовската полиција по 12 часот насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, поради што граѓаните кои случајно се нашле таму се побуниле. Тие ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.
Србите ги напуштија сите институции поради постојано неисполнување на одредбите од договорот меѓу Белград и Приштина, а Владата на Албин Курти планира да одржи избори на северот на Косово, пишува Blic.