Петковиќ откри што направиле косовските специјалци кај Газивода
Косовските специјалци кои упаднаа во објект кај Газивода, искинале српски знамиња.
Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, објави дека го информирал специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, дека специјалните единици на косовската полиција незаконски извршиле рација.
„На чуварот му ги одзеле клучевите, искинале српски знамиња. ЕУ мора да го ограничи насилникот и узурпатор Курти од неговите еднострани и вооружени дејствија со кои сака да предизвика војна“, напиша Петковиќ на Твитер.
Сообраќајот е затворен по главните сообраќајници, а северот на Косово е блокиран.
Веќе неколку дена по ред има инциденти на Косово.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија е посветена на мирот и стабилноста и дека „ќе победи мирот, а не Курти“.