Пенов вели дека автобусите може насилно да бидат тргнати од улиците
Како што кажа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во дневникот на Сител, Владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници на јавен превоз.
Кажа дека автобусите може насилно да бидат тргнати од улиците, но засега само ја следат ситуацијата.
„Еве, да се исцрпат сите можности за разрешување на проблемот па Владата презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и долгот од 1 милион кон приватните превозници. Веќе имаме раскинување на нивниот договор. Тие и да го добијат долгот се исклучени од натамошна работа и не верувам дека со исплата на долгот ќе престане протестот“, рече Пенов.
Вели дека јавниот превоз во Скопје не смеел да запре.
Во Скопје со 200 автобуси се блокирани клучните крстосници.
Директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, во вечерашното гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител најави можна радикализација на протестот на приватните превозници се до решавање на проблемот и исплата на долгот од страна на ЈСП „Скопје“.