Пензиониран доктор од Теарце со подвижна амбуланта спасува животи
Пензиониран доктор од тетовското село Теарце пружил прва помош и со тоа најверојатно и му го спасил животот на работник паднат од бандера, кој скршил нога и добил потрес на мозок.
Ова е само една од неговите интервенции. Порталот „Тетово инфо“ објавува дека докторот Абдулџелал Есати, познат како доктор Џеки, волонтерски им помага на луѓе при секакви незгоди. Тој кажал дека без разлика што е во пензија, гледа да помогне секаде каде што може.
„Имам статус пензионер, меѓутоа, уште немам почувствувано што значи да се биде пензионер, затоа што се случува ноќе да ме повикаат некому да дадам инфузија, пациент не се буди, јас го будам. Никогаш никого не сум одбил, не исклучувам мобилен телефон“,
вели доктор Есати.
Тој за својата мисија раскажувал на средба со тетовските новинари. Неговата приказна може да ја прочитате овде.
The post Пензиониран доктор од Теарце со подвижна амбуланта спасува животи appeared first on 360 степени.