ОЈО поведе постапка против лице што во сообраќајка во Козле усмрти 14-годишен мотоциклист
Мотоциклот удрил во страничниот дел од автомобилот, оштетениот се превртел и паднал на коловозот, па се излизгал на лентата наменета за сообраќај на возила во спротивна насока, каде удрил во автомобил „ситроен Ц3“. Во несреќата оштетениот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш починал
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 од Кривичниот законик.
„Осомничениот 53-годишник, на 5 декември, со возило ‘мини купер’, навлегол на крстосницата меѓу улиците Пијанец и Козле, без да го пропушти возилото кое веќе се движело по улицата Козле и кое имало првенство на минување. На тој начин тој го попречил движењето на мотоцикл ‘хонда’, управуван од дете на возраст од 14 години“,
информираат од ОЈО.
Мотоциклот удрил во страничниот дел од автомобилот, оштетениот се превртел и паднал на коловозот, па се излизгал на лентата наменета за сообраќај на возила во спротивна насока, каде удрил во автомобил „ситроен Ц3“. Во несреќата оштетениот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш починал.
По предлог на јавен обвинител, Основниот кривичен суд Скопје определи мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и привремено одземање на возачката дозвола односно забрана за нејзино издавање.
The post ОЈО поведе постапка против лице што во сообраќајка во Козле усмрти 14-годишен мотоциклист appeared first on 360 степени.