Османи во Каиро: Економските и бизнис врски се јадрото на односите меѓу С Македонија и Египет
Го гледаме Египет како наш партнер во спроведувањето на медитеранската агенда на ОБСЕ и земја на која можеме да се потпреме околу актуелните и иднитите безбедносни предизивици на глобално ниво и како што му кажава на мојот колега култураното, стратешкото и социјално-економското значење на Египет низ регионот ја прави земјата многу важен партнер на ОБСЕ особено во време на зголемено небезбедност, истакна Османи на заедничката прес-конфренеција со својот египетски колега за време на денешната официјална посета на Каиро
Економската соработка, интензивирање на дијалогот на високо политичко ниво и партнерството на Египет во споведувањето на медитеранската агенда на ОБСЕ, со која С Македонија ќе претседава следната година биле во фокусот на разговорите меѓу шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи и неговиот египетска колега Самех Хасан Шукри Селим, за време на денешната официјална посета на Османи на Каиро.
Шефот на дипломатијата, Османи на заедничката прес-конференција го оцени денешниот состанок со својот египетски колега како искрен и продуктивен, на кој взаемно заклучиле дека билатералните односи меѓу двете земји се пријателски и одлични, базирани на меѓусебна почит и доверба.
„Ја реафирмиравем нашата искрена посветеност на натамошно зајакнување и унапредување на можностите што постојат пред нас. Заклучивме дека пред нас има многу можности особено во унапредување на нашите билатерални економски и бизнис врски кои се јадрото на нашите односи. Секако дека нѝ е потребни интензивирање на дијалогот на високо политичко ниво и јас оваа посета ја гледам како важен момент кон оваа цел“,
рече Османи.
Како клучен чекор во оваа насока, тој го посочи воспоставувањето на диреткна врска меѓу стопанските комори на двете земји за подобра бизнис комуникација и воспоставување на директен лет меѓу двете земји за, како што подвлече Османи, директна соработка меѓу луѓето.
„Сите сме свесни за предизвиците околу обезбедувањето храна во регионот и потребата од диверзификација на синџирите за снабдување со храна, а од друга страна имаме многу квалитетни земјоделски производи за кои ни се потребни нови пазари за што нашите две економии можат да работата заедно“,
рече Османи.
На средбата двајцата министри за надворешни работи дискутирале и за соработката меѓу земјите од медитеранскиот басен.
„Северна Македонија минатиот месец се приклучи на Унијата на медитеранот . Го гледаме Египет како наш партнер во спроведувањето на медитеранската агенда на ОБСЕ и земја на која можеме да се потпреме околу актуелните и иднитите безбедносни предизивици на глобално ниво и како што му кажава на мојот колега култураното, стратешкото и социјално-економското значење на Египет низ регионот ја прави земјата многу важен партнер на ОБСЕ особено во време на зголемено небезбедност“,
истакна шефот на македонската дипломатија.
Руската агресија врз Украина и денешната тешка меѓунарона ситуација, посочи Османи , бара уште повеќе соработка од медитеранските партнери.
„ОБСЕ ниту добра можност за размена на искуства и дијалог“,
додаде тој.
Министерот за надворешни работи на Египет во овој контекст истакна дека со нетпрпение го очекуваат претседавањето на С Македонија со ОБСЕ кое, како што рече ќе придонесе за поголема соработка на медитеранските земји.
Одговарајќи на новинарско прашање Османи истакна дека медитеранските земји од секогаш биле важни за овој дијалог и соработка, а особено сега во овие тешки времиња.
„ОБСЕ е основано 1975 кога земјите од двете страни на берлинскито ѕид сфатија дека само преку дијалог и заеднички пристап кон безбедноста може да се воспостави мир. Мислам дека овие времиња уште повеќе не канат да седнеме на маса и да покажеме знаење и да понудиме механизми за решавање проблемите пред нас“,
рече Османи.
На средбата станало збор и за илегалната миграција. Во врска со ова прашање шефот на македонската дипломатија истакна дека треба да се признае и поддржи улогата што Египет ја има во справувањето со ова прашање.
Тој потести дека во 2015 години за време на бегалската криза низ територијата на земјава поминаа милиони луѓе, а од почетокот на оваа година до сега биле спречени 23 000 илегални обиди за премин на границата меѓу С Македонија и Грција.
„Неодамна го потпишавме договорот со Фронтекс со што ги зголемивме капацитетет за справување со овој предизивик“,
рече Османи.
The post Османи во Каиро: Економските и бизнис врски се јадрото на односите меѓу С Македонија и Египет appeared first on 360 степени.