ОД ДЕНЕСКА НЕМА БЛОКАДИ ВО ЦЕНТАРОТ – автобусите се повлекуваат од раскрсниците, ќе бидат лоцирани само на Илинденска
Возачите на приватните автобуси одлучија да се повлечат од крстосниците кај Трговскиот центар „Мавровка“ и Црвен Крст.
Автобусите од денеска во 10 часот ќе бидат паркирани само кај бараките на Град Скопје при што ќе бидат блокирани сите ленти на булеварот „Илинденска“.
Возачите настојуваат Град Скопје да го подмири долгот што го има кон нив, бидејќи во спротивно, како што најавуваат, протестите ќе продолжат и во иднина.
Град Скопје денеска ќе објави јавен повик за линиите 20 и 22, но возачите велат дека одлучиле да не се пријават.
Инаку, веќе четири дена по ред главните раскрсници во главниот град беа блокирани, што предизвика голем хаос и нетрпение кај учесниците во сообраќајот.