Од Дебарското Езеро за првпат е извлечена риба сончарка
Од водите на Дебарското Езеро денеска за првпат е извлечена риба од видот сончарка, информираат за МИА од Спортското риболовно друштво „Трофта” („Пастрмка“).
Рибата е уловена од делот на езерото кај општината Центар Жупа, а риболовецот е извесен Агим од Тетово, кој често рибари на ова езеро, велат од Друштвото.
Рибата е уловена од делот кај општина Центар Жупа, а риболовецот е Агим од Тетово, кој често рибари на ова езеро. Сончарката е инвазивен вид од Северна Америка, кој, откако е доведен во Европа, е прошиерна во слатките води насекаде низ Стариот континент. Малата слатководна риба се среќава во многу наши води, најчесто во акумулациите, но и во Преспанското и Охридското Езеро, како и во реката Црн Дрим, од каде веројатно пристигнала во Дебарското Езеро. Друга претпоставка е дека сончарката, која поради живите бои е популарна риба за чување во аквариуми, била пуштена во езерото од неодговорен сопственик.