Облачно со повремени врнежи од дожд, од утре постудено
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места и особено во крајните западни и источни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи, информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од седум 7 до 12 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до девет степени, а максималната ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
Како што информираат од УХМР, од ноќта кон понеделник од север ќе настапи заладување што ќе услови позначително спуштање на температурите. Врнежите в понеделник и краткотрајно и во вторник на планините ќе бидат од снег, а во северните делови од земјава ќе има услови за појава на снег и на пониските места.
Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од минус три до осум степени, а максималната од три до 13 степени Целзиусови.
The post Облачно со повремени врнежи од дожд, од утре постудено appeared first on 360 степени.