Не е Русија, од друга земја стигнале „крвавите пакети“ во украинските амбасади
Сомнителни пакети кои пристигнуваат на адресите на украинските амбасади во Европа се испратени од адресата на автомобилската компанија „Тесла“ во Германија.
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба на Фејсбук објави дека сторителите најчесто ги испраќале од пошти каде што нема видео надзор.
Вакви пакети добија 31 украинска мисија во 15 држави. Кулеба дека „криминалците презеле мерки да не остават траги од нивната ДНК на пакетите“.