Министерство за економија: Цените уште не се намалуваат поради залихите
Од Министерството за економија велат дека намалување на цените на прехрамбените артикли има кај дел од производителите но се чека да се потрошат залихите произведени по старите цени на енергенси.
„Кај дел од производителите на прехранбени производи веќе е регистрирано намалување на цените, кај млечните производи, зејтинот, лебот, месните производи. Треба да се има во предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени. Во наредниот период очекуваме дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување очекуваме да биде до 10 отсто“, информираат од Министерството за економија.
Во изминатиот период цените на дизелот се намалија за 30 отсто, а исто така повеќе од 180 компании од прехранбениот сектор од ЕСМ Продажба добија поевтина електрична енергија по цена од 80 евра за мегаватчас.