Маројевиќ: Загревањето се одвива непречено, граѓаните да пријавуваат дефекти и рекламации во Центарот за грижа
Потрошувачи кои добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура затоа што е најсигурен, најбрз и најекономичен начин на достава. Ова го посочи помошник на директорот за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ.
Таа потенцираше дека испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива непречено, иако многу граѓани се жалат на ладни или млаки радијатори, поради кои домовите им се ладни.
Маројевиќ појасни дека нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ и нема затворен објект за испорака на топлинска енергија по тој основ. Топлинска енергија се испорачува до сите објекти приклучени на системот со кој управува ЕСМ.
– Ги повикувам потрошувачите за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, или пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, како и за достава на формуларот за е-фактура, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100 – потенцираше Маројевиќ.
За корисниците на парно греење, отворен е нов пунк во ГТЦ, поточно во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ, на улицата „11 Октомври“ 9, каде потрошувачите можат да ги платат фактурите за топлинска енергија издадени од ЕСМ СНАБДУВАЊЕ и да склучат на договори, како и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, да поднесат формулар за добивање на е-фактура. Во функција остануваат и пунктовите во Тафталиџе и Аеродром, додека пунктот кај Олимписки базен не е повеќе во функција.
Маројевиќ информираше дека ЕСМ Снабдување со топлина ги изработи фактурите за топлинска енергија за месец октомври, нивната достава е завршена, а во тек е нивната наплата. Износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати е ист со оние за август и септември.
– Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач од категоријата домаќинства одделно е прикажан во фактурата како поединечна финансиска поддршка за фиксните и варијабилните трошоци. Потрошувачите ги добија фактурите на ист начин како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ја добија во електронска форма на нивната меил адреса, додека останатите потрошувачи ја добија фактурaта во хартиена форма на својата адеса на живеење – додава Маројевиќ.