Македонската репрезентација е двократен светски шампион во Кантерстрајк
Втор пат по ред, македонската репрезентација во Кантерстрајк (CS:GO) победи на светскиот турнир во втора категорија кој го организираше Меѓународната е-спорт федерација во Бали, Монголија од 7 до 11 декември. Во финалето нашите претставници го победија домаќинот Монголија со 3:1.
NORTH MACEDONIA ARE THE CS:GO CHAMPIONS
They bulldozed their way past Team Mongolia and won after just 3 games!
GG WP CHAMPS! @macedonianesf #IESF #WorldEsports #Gaming #Bali2022 #WEC22 #csgo pic.twitter.com/HrNfea8feV
— IESF (@IeSF_Master) December 11, 2022
„Северна Македонија се CS:GO шампиони“, објавија од Меѓународната е-спорт федерација на Твитер.
Ова е секако голема радост и поттик за сите гејмери во земјава и инспирација за помладите генерации. Нашите играчи беа толку добри што на претходните натпреварувања дури беа обвинувани дека хакираат што подоцна по официјалните проверки се испостави дека не е така.
Целото патешествие на нашата репрезентација на турнирот во Монголија може да се види на Фејсбук профилот на Македонската е-спорт федерација, додека видеата од самите игри може да се погледнат на Твич.