Маж со прострелна рана најден во кругот на велешката болница
Лекар од болницата констатирал смрт, а случајот во полиција бил пријавен вчера попладне
Маж со прострелна рана од огнено оружје бил пронајден во кругот на Општата болница во Велес.
Во СВР Велес вчера околу 14:30 часот било пријавено дека е пронајдено тело на починат 74-годишен маж.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, денеска информираше дека лекар од болницата констатирал смрт.
Екипа на велешката полиција, по наредба на јавен обвинител направил увид, а телото било дадено на обдукција.
The post Маж со прострелна рана најден во кругот на велешката болница appeared first on 360 степени.