Лондонски аеродром е затворен поради обилниот снег и мразот
„Станстед“ вчера вечерта изјави дека неговата единствена писта е затворена за да се овозможи чистење на снегот и дека сите летови се прекинати. Засега не се знае кога аеродромот повторно ќе профункционира
Поради обилни снежни врнежи, мраз и магла, сите летови на аеродромот „Станстед“ во Лондон се прекинати. Аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ исто така откажаа или одложија летови. Над 50 летови беа откажани вчера на „Хитроу“ поради магла и мраз. Возовите исто така доцнат, а на возачите им е кажано да бидат внимателни по неколку несреќи на автопатиштата.
„Станстед“ вчера вечерта изјави дека неговата единствена писта е затворена за да се овозможи чистење на снегот и дека сите летови се прекинати. Засега не се знае кога аеродромот повторно ќе профункционира, пишува Би-би-си.
„Претходно имаше доцнење на летовите поради одмрзнување на авионите. Безбедноста на авионите и патниците е најважна. На патниците им се советува да проверат кај нивната авиокомпанија за моменталниот статус на нивните летови“,
рече портпаролот на аеродромот Стенстед.
The post Лондонски аеродром е затворен поради обилниот снег и мразот appeared first on 360 степени.