Ленин ја нарече Арсовска психопатка
Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски денеска ја навреди скопската градоначалничка Данела Арсовска. Се кае што ја поддржал за изборите и ја нарече психопатка.
„Мене ми е жал што и ја дадов поддршката на Арсовска и што бев измамен од човек кој што перфидно умее да излаже, заведе и да ти даде лажна надеж. Она што го зборуваше, побарав да го каже и пред сите овие луѓе. Затоа и тие и ја дадоа поддршката, бевме на трибина заедно. Веројатно се менува перцепцијата и на човекот кога ќе ја почувствува моќта на градоначалничката функција“, вели Јовановски.
Тој кажа дека бил изманипулиран и ја нарече Арсовска „психопат“.
„Психопатот многу успешно знае да ви се наметне, да ве излаже и да ве стави во своја функцјија, се додека му требате. Првиот момент кога јас застанав зад приватните превозници, веќе следниот ден бев непријател на градоначалничката, која со најгруби зборови ме нападна“, реле Јовановски.
Тој се повлекува од протестите, но автобусите и натаму ќе го блокираат сообраќајот.
Блокадите им создаваат главоболки на граѓаните.