Косовска новинарка го критикуваше швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака, сега добива смртни закани
На мечот имаше недолично однесување и од двете страни. ФИФА поведе постапка против Србија за дискриминација. Како што соопшти ФИФА, Србија е обвинета од Дисциплинската комисија за прекршување на точките 12, 13 и 16. Тоа се: недолично однесување на фудбалерите и официјалните лица, потоа дискриминација и ред и безбедност на стадионот
Косовската новинарка Зана Авдиу е цел на навреди и смртни закани затоа што го искритикува швајцарскиот репрезентативец со потекло од Косово, Гранит Џака, за неговото однесување на мечот со Србија.
Најголемиот дел од Албанците ја славеа победата на Швајцарија над Србија. Мечот изобилуваше со тензија и неспортски однесувања. Еден од најистакнатите беше Гранит Џака, кој во еден момент се фати за меѓуножјето и го навлече гневот на српските репрезентативци.
Таквиот негов гест го искритикува новинарката Авиду, која рече:
„Тој потег на Гранит Џака е срамен! Насилнички чин. Мислам дека немаше некој што не ја сподели таа фотографија“.
Поради ова, таа почнала да добива навреди, дури и смртни закани, а во јавноста се јави нејзиниот адвокат Арианит Кочи.
„Можеби сите не се согласуваме со неа и тоа е нормално, ама вакви закани се недозволиви во цивилизиран свет. Тоа што кон неа се вперува прстот и од јавни личности само ги зголемуваат тие закани“,
рече Кочи.
На мечот имаше недолично однесување и од двете страни. ФИФА поведе постапка против Србија за дискриминација. Како што соопшти ФИФА, Србија е обвинета од Дисциплинската комисија за прекршување на точките 12, 13 и 16. Тоа се: недолично однесување на фудбалерите и официјалните лица, потоа дискриминација и ред и безбедност на стадионот.
The post Косовска новинарка го критикуваше швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака, сега добива смртни закани appeared first on 360 степени.