Косовската влада демантира дека на северот на земјата се испратени специјалци: Се работи за обична полиција
„Се работи само за полицијата, не за која било друга единица“, изјавил портпаролот на косовската влада Перпарим Криезиу за регионалниот сервис на Радио Слободна Европа
Претходно, министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла во објава на својот фесбук-профил потврди дека во северот на земјата е зголемено полициското присуство, но не кажа дали станува збор за припадници на специјална или „обична“ полиција. Тој во објавата додаде дека косовската полиција има должност да обезбеди безбедност и гаранција за владеење на правото
Владата на Косово ги демантирала пишувањата во српските медиуми дека специјални полициски единици биле испратени на северот на Косово. Во изјава за регионалниот сервис за Радио Слободна Европа (РСЕ), портпаролот на косовската влада рекол оти се работи за обична, а не за специјална полиција.
„Се работи само за полицијата, не за која било друга единица“,
изјавил портпаролот на косовската влада Перпарим Криезиу за РСЕ.
Претходно, министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла во објава на својот фесбук-профил потврди дека во северот на земјата е зголемено полициското присуство, но не кажа дали станува збор за припадници на специјална или „обична“ полиција. Тој во објавата на социјалната мрежа додаде дека косовската полиција има должност да обезбеди безбедност и гаранција за владеење на правото.
„Во последните денови, по последователните вооружени напади врз полицајци и граѓани на северот од земјата, се смета за неопходно зголемено полициско присуство со цел обезбедување на сите граѓани. Ги замолуваме сите граѓани да бидат смирени и да соработуваат со косовската полиција која е ангажирана за ред и безбедност за сите граѓани“,
напиша косовскиот министер за внатрешни работи на Фејсбук.
Претходно вечерва, српските медиуми објавија дека повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила влегле од јужниот во северниот дел на Митровица, општина со мнозинско српско население на северот на Косово.
Според официјалното соопштение на косовската полиција, во наредните денови ќе биде зголемено присуството на северот на Косово со цел, како што велат, да се одржи јавниот ред.
The post Косовската влада демантира дека на северот на земјата се испратени специјалци: Се работи за обична полиција appeared first on 360 степени.