Колкава е температурата во просторијата ако радијаторот е поставен на 4: Еве што значат бројките на него
Eден домашен мајстор објасни што значат бројките на радијаторот и како да заштедите дополнително со правилно користење!
Ниските температури, доаѓањето на зимата, поскапувањето на струјата и парното се маки кои мачат голем број граѓани .
Оние кои имаат подно греење имаат можност сами да ги контролираат температурите, како и времето од денот и годината кога и колку време да го вклучат, за разлика од оние со парно.
А во тоа им помага вентил со бројки, најчесто од нула до пет. Но, дали знаете точно што значи секој од тие броеви на вентилот и како можете да заштедите повеќе ако ги користите правилно?
Водоводџија и мајстор Мартин Николс открил дека овие бројки всушност покажуваат каква ќе биде температурата во просторијата, а не колку се „жешки“ радијаторите. Значи, секој број на вентилот одговара на собната температура што ќе ја достигне:
0 = 0°C (исклучено)
✱ = 7°C (попозната како снегулка)
1 = 10°C
2 = 15°C
3 = 20°C
4 = 25°C
5 = 30 °
„Главната предност на ова е што ќе заштедите пари само ако ги подесите бројките правилно“, објасни мајсторот и ги советуваше домаќините да го постават радијаторот на 2 или 3 во помалите простории во зимските месеци.
„Ако влезете во просторија што е ладна и радијаторот е вклучен, оставете го на мира и не го педесувајте. Оставете го да си ја заврши работата и нека ја загрее просторијата соодветно“, објасни тој и на оние кои се надвор од домот или одат на зимување, радијаторите треба да ги држат на најмал број, поточно на „снегулка“ (*) за да се вклучат на кратко, доколку температурата падне под 7 степени Целзиусови.
Конечно, неговиот совет е да не го поставувате вентилот на пет, бидејќи тоа значи дека нема да престане да тече топла вода додека просторијата не достигне 30 степени Целзиусови.
ФОТО: screenshot youtube