Ковачевски: Спремете се за тешка 2023, во Украина нема никакви посеви
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната пшрес-конференција рече дека очекува тешка 2023 затоа што во Украина нема никакви посеви.
– Таму во моментов нема посеви. Има ракетирања на целата нејзина територија. Украина е најголем увозник на пченка, пченица и сончоглед со 35 отсто европското производство, и таму нема посеви. Што значи дека идната година ќе биде голем предизвик на овие стратешки култури. Замислете што ќе се случува следната година, најави Ковачевски.
Премиерот додаде дека македонската економија тоа ќе се обиде да го компензира со новиот систем на субвенционирање и доделување што е можно поголем број на земјоделски површини на вистинските земјоделци.