Каде наврна најмногу дожд?
Најмногу дожд во изминативе 24 часа наврна во Пожаране каде се измерени 46 l/m2, потоа следува Тетово со 40 l/m2, 26 l/m2 во Охрид, 15 во Крушево, 13 во Претор, 10 Прилеп, Берово, 7 Струмица, 6 Битола, 4 Крива Паланка, 2 Штип, Скопје – Петровец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во источните и во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 16 степени.
Во главниот град, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Утрово најстудено е во Лазарополе каде се измерени 5 степени, а по него следуваат Крушево и Маврови Анови со 6 степени.
Измерени се 8 степени во Претор, 9 во Тетово, Охрид, 10 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Берово, Кр.Паланка, 11 пак во Скопје-З.Рид, 12 степени во Струмица, Гевгелија, додека пак најтопло со 14 степени е во Демир Капија, Штип.
foto freepik.com/ jes2ufoto