И НОБЕЛОВЦИТЕ САКААТ ЛУКСУЗ: Инвестирале во терен за крикет, скап мотор, библиотека, музеј…
Нобеловата награда е највисоко светско
признание за достигнувања во областа на физиката, хемијата, медицината,
литературата и мирот.
Нобеловците за
физика во 1903 година, Мари и Пјер Кири, парите ги вложиле во понатамошни
научни истражувања. Иво Андриќ ја донира сумата на Босна и Херцеговина за
изградба на библиотеки и набавка на книги. Британскиот биохемичар Ричард
Робертс, лауреат во 1993 година, ја вложил наградата во терен за крикет, додека
американскиот генетичар Филип Ален Шарп купил куќа стара сто години. Друг
Британец, Сер Пол Нурс – нобеловец за медицина во 2001 година, купил скап
мотор, додека книжевниот лауреат од 2006 година, турскиот писател Орхан Памук
основал музеј во неговиот роден Истанбул.
Победници во 2022 година
Французинката Ен
Ерно е добитничка на Нобеловата награда за литература, Американците Бен
Бернанке, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг од областа на економијата. Научниците
Каролин Берточи, Мортен Мелдал и Бери Шарплес се добитници на Нобеловата
награда за хемија, а за медицина наградата му припадна на шведскиот генетичар
Сванте Пабо. Научниците Ален Аспект, Џон Клаузер и Антон Цајлингер ја добија
Нобеловата награда за физика, а Белорусинот Алес Бељацки, активист за човекови
права, руската организација за човекови права „Меморијал“ и Украинскиот центар
за граѓански слободи ја добија Нобеловата награда за мир.
фото: EPA-EFE/PONTUS LUNDAHL