Изјавите на Костадинов не се национална позиција на Бугарија, вели шефот на бугарската дипломатија
Бугарскиот министер побара од медиумите да не се фокусираат на изјавите на овој пратеник туку на она што го смета мнозинството од бугарското општество и политичарите во Бугарија
Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, денеска на прес-конференција во Скопје со својот колега Бујар Османи, рече дека изјавите на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов не се национална позиција на Бугарија и побара медиумите да не се фокусираат на него.
„Јас сум сосема категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува националната позиција на Република Бугарија и нејзината влада и мојот апел кон медиумите во Македонија е да не се концертира вниманието врз политичарите кои даваа такви крајни изјави. Важен е официјалниот став на Бугарија и многу ќе се радуваме ако вие го истакнувате на граѓаните тоа што го мисли мнозинството од општеството и политичарите, а не некои луѓе што користат такви трибини за да ги истакнат своите политички внатрешни цели“,
изјави Милков.
Костадинов кој е и лидер на националистичката бугарска партија Преродба, претходниот месец во два наврати зборуваше дека Македонија е втора бугарска држава на Балканот. Една од изјавите ја даде среде Скопје каде што на 24 ноември присуствуваше на отворање на Културно-информативниот центар на Бугарија.
За ваквите изјави остра реакција имаше и од македонското МНР кое имаше и вербална нота до Софија, а премиерот Димитар Ковачевски порача дека Костадинов не е пожелен во нашата држава и не мора доаѓа.
*Поврзани вести:
МНР со нова вербална нота до Софија откако бугарски пратеник изјави дека „Македонија е бугарска“МНР ги осуди изјавите на бугарскиот пратеник кој денеска и од Скопје порача дека сме втора бугарска државаКовачевски за бугарскиот пратеник Костадинов: Не е пожелен во нашата држава и воопшто не мора да доаѓа
The post Изјавите на Костадинов не се национална позиција на Бугарија, вели шефот на бугарската дипломатија appeared first on 360 степени.