Зошто индискиот премиер не сака да се сретне со Путин?
Индискиот премиер Нарендра Моди ја откажа средбата лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин што требаше да се одржи месецов. Тоа го пренесува Блумберг, повикувајќи се на официјални лица.
Самитот Русија-Индија се одржува секоја година од почетокот на 2000-тите и е откажан само еднаш, за време на пандемијата на коронавирусот во 2020 година. Путин ја посети Индија минатиот декември за да се сретне со Моди и тоа беше неговото прво патување надвор од ЗНД од избувнувањето на пандемијата.
Официјалните претставници на двете земји засега молчат. Индија повика на мир, но не гласаше за резолуциите на ОН за осуда на Русија. Њу Делхи не ја осуди агресијата на Москва и увезе многу повеќе руска енергија.