ЗЕЛЕНСКИ ГОСТУВАШЕ ВО ШОУТО НА ЛЕТЕРМАН: „По војната сакам да одам на плажа и да се напијам пиво“
Украинскиот
претседател Володимир Зеленски е убеден дека војната во Украина автоматски ќе
заврши доколку умре рускиот лидер Владимир Путин. Зеленски гостуваше во
специјалното шоу на Дејвид Летерман „Мојот следен гостин не треба да се
претставува“, кое се снимаше во метрото во Киев, поради што повремено се
слушаше звукот на возовите.
Да претпоставиме
дека Путин настинал и умре или случајно паднал од прозорец и умрел, дали
војната ќе продолжи? Летерман го праша украинскиот претседател.
„Не, тогаш немаше
да има војна. Авторитарниот режим е ужасен. Постои голем ризик дека сè може да
одлучи еден човек“, одговори Зеленски. „Значи, кога Путин ќе замине, сите
институции престануваат. Нешто слично се случи и во Советскиот Сојуз. Се запре.
Верувам дека ќе им биде тешко без него. Тие потоа ќе се фокусираат на
внатрешната, а не надворешната политика“, додаде Зеленски за време на интервју кое ќе биде
објавено на Нетфликс, пренесува Украинска Правда.
Водителот го
праша украинскиот претседател кои се неговите планови по завршувањето на
војната. „Ќе останам претседател додека не победиме, а после тоа не знам. Не
размислувам за тоа во моментов. Би сакал да одам на плажа. Да бидам искрен,
Дејвид, само сакам да одам на плажа кога ќе победиме во војната и навистина би
сакал да се напијам пиво“, рече Зеленски.