ЗА ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МАЈА СЕ АНГАЖИРА МНР: Ќе го организира транспортот од Јужна Африка до Охрид
Македонското
Министерство за надворешни работи попладнево информираше дека веднаш по по
добиените информации за почината Маја
Јанеска во Јужноафриканската Република, преку надлежната Амбасадата во
Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле
потврда за трагичниот настан.
-Нашите претставници се во постојана и непосредна
комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на
починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето
транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, информираат денеска
од МНР.
Маја Јанеска беше
пронајдена мртва во нејзината куќа со прострелна рана во главата. Како што претходно објави Фактор, повикувајќи се на тамошните медиуми, полицијата го
истражува случајот, иако во оваа фаза не го сметат за сомнителен.
Сепак пријателите
на Маја велат дека таква жена, амбицизна и полна со живот никогаш не би кренала
рака на себе.