ЗАЕДНО СЕ БОРЕВМЕ ПРОТИВ РЕЖИМОТ, БЕШЕ ЧЕСЕН И ПРАВИЧЕН ЧОВЕК – сопартијците се простуваат од починатиот поранешен пратеник Сашко Костов
Сопартијците и високи фунционери од власта преку социјалните мрежи се простуваат од прерано починатиот поранешен пратеник, Сашко Костов од Кочани.
„Сашко Костов беше мој другар и соборец со кого заедно се боревме против режимот, а градевме живот за сите. Чесен, правичен и почитуван човек кој си го сакаше своето Кочани.
Мое најдлабоко сочувство до неговите блиски и семејството. Вечна ти слава пријателе“, напиша на фејсбук министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
„Со неверување и длабока жалост ја примив веста за прераната смрт на поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Сашко Костов.
Инаку, како што јавија медиумите, Костов починал вчера ненадејно на 50 годишна возраст.